Top Sport

Потресната исповед на Вознијацки: Бев на врвот кога ми ја најдоа болеста!

Беше најдобра светска тенисерка, а тогаш болест почна да ја одвојува од теренот. Каролина Вознијацки конечно прозборе за борбата со ревматидниот артритис, тешка автоимуна болест која и е дијагностицирана во 2018 година.

Вознијацки зборува за тешките моменти, раскажува како не можела да стане од кревет без помош на сопругот. Се повлече од тенисто во 2018 година.

„Бев на врвот на кариерата кога ми ја дијагностицираа болеста. На почетокот на таа година го освоив Австралија Опен. Требаше тоа да е мојата златна година, но пред почетокот на САД опен чувствувал болки, постојан замор и други чудни симптоми. Губев мечеви кои всушност требаше да ги добивам. Едно утро имав толку силни болки што сопругот мораше да ме влече од креветот. Не можев да помрднам ниту еден дел од телото“ раскажа Вознијацки.

Биле потребни неколку месеци за да се направи конената дијагноза, па заради тоа данската тенисерка сака да е позитивен пример на луѓето за оние кои имаат слични прблеми.

Вознијацки е во брак со кошаркарот Дејвид Ли.

Scroll to Top