Top Sport

Поветкин го „здроби“ Прајс во пет рунди (видео)

Русинот Александер Поветкин го нокаутираше Британецот Дејвид Прајс во 5. рунда, нанесувајќи му брутален пораз со кој најверојатно ја заврши кариерата. Мечот беше дел од шоуто Ентони Џошуа-Џозеф Паркер.

Прајс падна и во третата рунда, но успеа некако да се врати на нозе и да продолжи со борбениот меч. Во петтата рунда, Поветкин го „начека“ Британецот со силна десница, и кога тој остана на нозе, со левата рака го „докусури“ и го прати на подот. Веднаш потоа медицинските лица влегоа во рингот, но за среќа 34-годишниот Прајс сам замина од рингот.

За 38-годишниот Русин Поветкин, ова е победа со која станува прв предизвикувач за ВБА појасот на Џошуа и ВБО појасот на Паркер. Поветкин има загубено само еднаш во кариерата, од Владимир Кличко на поени во 2013 година, но мала сенка на кариерата му фрлаат двата позитивни допинг-тестови.

Scroll to Top