Мо Фарах, освојувач на четири златни медали од Олимписките игри, најави дека на 2.мај, ќе учествува на уличната трка во Лондон.
Фарах (38), освои златни медали на Олимписките игри во Рио де Жанеиро и Лондон, во трките на 5.000 и 10.000 метри. Тој не успеа да се избори за место во британската репрезентација која настапи на Игрите во Токио.
Поради повредата на стапалото, Фарах се нема натпреварувано од јуни 2021 година.
Тој ги демантира шпекулациите дека ќе се пензионира.
„Напорно тренирав по повредата за да ја достигнам вистинската форма.Имам пред себе уште неколу месеци напорна работа. Имам мотив и цел, со нетрпение чекам да се вратам“, рекол Фарах.
Мо Фарах седум пати во кариерата победил на трката низ улиците на Лондон.