Top Sport

Познати се сите учесници во новиот Девис куп

Завршија квалификациите за Девис купот. Пласман на завршниот турнир во Мадрид, а на кој ќе играат 18 репрезентации, преку квалификациите обезбедија 12 држави.

Во новиот формат на Девис купот за титулата ќе се борат Србија, Чиле, Австралија, Белгија, Канада, Колумбија, Германија, Италија, Јапонија, Казахстан, Холандија и Русија.

Директен пласман обезбедија актуелниот шампион Хрватска и полу-финалистите од минатата година Франција, САД и Шпанија, а организаторот специјална покана им упати на Аргентина и Велика Британија.

На завршниот турнир најпрвин ќе бидат формирани три групи со по шест репрезентации, а ждрепката ќе биде извршена во Мадрид на 14 февруари.

Најпрвин ќе бидат извлечени најдобрите шет селекции кои ќе бидат носители, потоа репрезентациите од 7 до 12 место, а на крајот ќе се влечат репрезентациите чии пласман е од 13 до 18 позиција.

Завршниот турнир во Девис купот ќе се одржи во ноември оваа година, во Мадрид.

Scroll to Top