Top Sport

Познато е кога ќе боксуваат Вајлдер и Фјури

Официјално е потврден датумот на борбата помеѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури. Вајлдер титулата ќе ја брани на 22 февруари во Лас Вегас.

Дионтеј Вајлдер пред неколку дена го нокаутираше Луис Ортиз. Против Фјури то 11 пати ќе ја брани светската титула. Од друга страна Фјури ќе има можност да го врати појасот во своја сопственост.

„Сите детали во јавноста ќе бидат презентирани пред Божик, но борбата ќе се одржи на 22 февруари“, потврдил еден од промоторите на Фјури, Боб Арум.

Вајлдер и Фјури прв пат беа противници во декември 2018 година. По 12 одлични рунди, со одлука на судиите, мечит заврши без победник.

Scroll to Top