Top Sport

Барса против Борусија, Ливерпул ќе го пречекува Наполи

Вечерва ќе биде комплетирано петтото коло во Лигата на шампионите. На програмата се натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х. Интересно ниту еден тим од овие групи се уште не го обезбедил своето место во осмина-финалето.

Најнеизвесна е ситуацијата во Х групата каде три тима (Ајакс, Челси и Валенсија) имаат по седум бода. Ајакс се фаворити на гостувањето во Лил, додека сите варијанти се во игра на дуелот што ќе се игра на „Месталја“ помеѓу Валенсија и Челси.

Дербито е во Ф-групата на „Ноу Камп“ помеѓу Барселона и Борусија. Победникот ќе си обезбеди место во наредната рунда. Во Прага Интер немаат право на грешка против Славија, доколку сакаат да стигнат до второто место на табелата.

Интересно може да биде и на „Енфилд“ каде европскиот првак Ливерпул ќе му биде домаќин на Наполи.

Група Е:

Ливерпул-Наполи
Генк-Салцбург

Табела: Ливерпул 8, Наполи 7, Салцбург 4, Генк 1

Група Ф:

Барселона-Борусија Дортмунд
Славија Прага-Интер

Табела: Барселона 8, Борусија 7, Интер 4, Славија 2

Група Г:

Зенит-Лион
Лајпциг-Бенфика

Табела: Лајпциг 9, Лион 7, Зенит 4, Бенфика 3

Scroll to Top