Италијанскиот тенисер Јаник Синер се осврна на проблемите што ги имаше во мечот со Елиот Спичири.
Синер го мачеа грчеви, имаше проблем со движењето, повраќаше, сè додека не се затвори покривот на „Род Лејвер“. Потоа успеа да направи пресврт и да слави со 3-1 во сетови.
„Денес беше премногу жешко. Почнав да добивам грчеви во третиот сет, но потоа полека исчезнаа. Малку подобро го познавам своето тело и се обидувам да ја разберам ситуацијата во тој момент. Имав среќа. Кога го затворија покривот, требаше време. Се обидував да се опуштам и тоа помогна. Исто така, го променив начинот на кој играм одредени поени“, рече Синер.
Го прашаа што правел во соблекувалната.
„Ништо. Бев сам. Немаше третман. Не можете да добиете третман во тој момент. Само се истегнав и легнав пет минути обидувајќи се да ги опуштам мускулите. Се чини дека функционираше. Малку ја намалив телесната температура и тоа е тоа. Нема многу работи што можете да ги направите. Времето брзо минува, но ми помогна, тоа е сигурно“, рече Италијанецот.
Синер ќе игра против Лусијан Дардери во осминафиналето.
Foto/ EPA
