Пред точно 15 години, на 28 март 2004 година, Роџер Федерер за првпат се сретна со својот најголем ривал, Рафаел Надал на Мајами опен, каде што Шпанецот стигна до импресивна 6:3/6:3 победа.
Надал, кој е пет години помлад од Федерер, тогаш имаше само 17 години, и ова беше само првиот чекор во блескавата кариера, откако година дена подоцна триумфираше на Ролан Гарос, освојувајќи ја првата од 11-те титули од Франција.
Интересен беше коментарот на Федерер по поразот.
„Слушнав многу заз него и мислам дека ова не беше изненадување за никого. Не сум изненаден. Тоа го прават младите“, изјави Федерер.