Колумбискиот велосипедист Фернандо Гавириа (26) по вторпат за 6 месеци е заразен со коронавирусот, открило вчерашното тестирање пред денешната 16-та етапа на „Girо d’Italia“.
„Гавириа веднаш е ставен во изолација, добро се чувствува и нема симптоми. Сите останати велосипедисти се негативни. Лекарската служба внимателно ја следи ситуацијата“ се вели во соопштенето на тимот чиј член е заразениот велосипедист.
Тој првпат заразен со опасниот вирус беше во март годинава, за време на трката во УАЕ. Тогаш цел месец помана на болничко лекување во Абу Даби.
Досега најдобриот пласман на трката во Италија му беше седмото место на 11-тата етапа.
Неговиот случај ќе ги заинтригира лекарите затоа што ретки се оние кои по вторпат се заразени со Ковид 19.
„Girо d’Italia“ финишира во недела, во Милано.