Една тенисерка пријавена за игра на Палермо опен имала позитивен тест на корона вирусот и се повлекла од турнирот, потврдија организаторите на првиот ВТА турнир од почетокот на март.
ВТА турнејата потврди дека тенисерката нема симптоми, но дека ќе остане во изолација додека не се испочитуваат сите протоколи. Организаторите одбија да го потврдат името на тенисерката.
„Ефикасноста на протоколот дозволи да се идентификува позитивниот тест. Тенисерката не си замина од својата хотелска соба додека ги чекаше резултатите од тестот“, вели докторот Антонио Кашо, специјалистот за инфективни болести на клиниката на Универзитетот на Палермо.
Сите други тенисерки биле сместени во истиот хотел пред стартот на турнирот во понеделник.
Од турнирот се повлекоа поранешните шампионки од Ролан Гарос, Симона Халеп и Јелена Остапенко, по што прва носителка на турнирот е минатогодишната финалистка од Ролан Гарос, Чехинката Маркета Вондроушова, светската тенисерка број 15. Петра Мартиќ и светската тенисерка број 20. Марија Сакари.