Љубовта „цвета“ на Вимблдон. Барем помеѓу шпанската тенисерка Паула Бадоса и нејзиното момче, грчкиот тенисер Стефанос Циципас. Дотаму, што Бадоса на прес-конференција реши да зборува за сексуалниот сон кој го имала за Циципас на Австралија опен.
„Да, бев повредена во Австралија и го гледав неговиот меч, финалето. Бев во Шпанија, ми се спиеше… Изненадувачки, обично не сонувам за други тенисери, но го сонував таа вечер, дека двајцата победуваме на Австралија опен. Потоа имавме многу романтичен момент, нема да го објаснувам. Ќе го оставам тоа така“, изјави низ смеа Бадоса.
Бадоса и Циципас јавно во врска се од Францускиот опен во мај, а на Вимблдон во петок ќе играат заедно во мешани двојки против Џесика Пегјула и Остин Крајичек во првото коло. Дека е сериозно, кажува и тоа што тие имаат заеднички акаунт на Инстаграм под име „tsitsidosa“.
Paula Badosa discusses a sex dream she had about Stefanos Tsitsipas in her post-match press conference.
I don't know how much more of this I can take. pic.twitter.com/9q4D7life2
— James Gray (@jamesgraysport) July 6, 2023