Top Sport

Преседан – две скијачки добија златни медали во иста дисциплина на СП

Италијанската скијачка Марта Басино и Австријката Катарина Линсбергер денеска освоија златни медали на СП во „Кортина Д`Ампецо“ и тоа во иста дисциплина, во паралелен велеслалом.

Организаторите најпрво златото и го доделија на Басино, но набрзо потоа увидоа дека и Линсбергер има идентично време како и Италијанката, па и таа беше прогласена за победничка.

Бронзата отиде во рацете на француската скијачка Теса Ворли.

Во машка конкуренција во истата дисциплина златната медаља е за Французинот Матје Февр, среброто оди на градите на хрватскиот скијач Филип Зубчиќ, додека со бронза се закити Швајцарецот Лоик Меер.

Scroll to Top