Словачка и Русија изборија пласман во полу-финалето на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Словачка, во драматичен меч, по изведувањето на пенали, ја победија селекцијата на САД. Натпреварот заврши со резултат 2:2. Словеците продолженија изборија со голот на Марек Хривик, постигнат на 45 секунди до крајот на регуларниот дел.
Во продолженија немаше голови, а во пенал серијата голманот на Словачка, Патрик Рибар забележа пет одбрани, неговиот колега Страус Ман ги одбрани првите четири, но не успеа да го брани ударот на Патрик Челарик.
Словачка по 2010 година повотрно ќе се бори за олимписки медал, додека Американците, без НХЛ играчите, исто како и во Пјонгчанг, испаднаа во четврт-финалето.
Русија против Данска ја оправда фаворитската улога. Русите славеа со 3:1, со головите на Вадим Шипајчов, Никита Нестеров и Вјачеслав Воинов. Голот за Данаска го постигна Франс Нилсен.