Top Sport

Проблеми за Надал пред американската турнеја – нема да игра во Монтреал

Освојувачот на рекордни 22 гренд слем титули, Шпанецот Рафаел Надал е приморан да го одложи стартот на неговата американска турнеја, потврдувајќи дека нема да игра на Мастерсот во Монтреал поради повредата на стомачните мускули.

36-годишниот Надал, кој оваа година победи на Австралија опен и на Ролан Гарос, се повлече од полуфиналниот дуел против Ник Кирјос на Вимблдон поради повредата. Тој не е доволно подготвен за враќање во Монтреал и ќе паузира за да може да настапи на САД опвен во Њујорк.

„Тренирам подолго време, но само пред четири дена почнав со тренинзи со сервиси. Работите одат во вистинска насока, но вчера по тренингот почувствував болки во стомакот. Подобро е да не ризикувам и да почекам неколку дена. Би сакал да се заблагодарам на директорот на турнирот во Монтреал, Јужин Лапјер за неговото разбирање“, вели Надал.

Scroll to Top