Top Sport

Проблеми за ЗОИ поради зимата, Северна Кореја, Русија, билетите

Организаторите на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг изразиле загриженост поради исклучително ниските температури кои се најавени за периодот кога ќе се одржат Игрите во Јужна Кореја.

Исто така организаторите на Игрите во Пјонгчанг се загрижени и поради политичките и воените тензии со соседната Северна Кореја, слабата продажба на билетите и исфрлањето на Русија која е една од најзначајните спортски нации.

Според синоптичарите на денот кога ќе бидат отворени Игрите се најавува температура од -14 степени Целзиусови.

Стадионот на кој ќе се одржи свечената церемонија на отворањето нема покрив, што значи дека околу 35.000 навивачи и многубројни гости ќе бидат на отворено.

Инаку најниска температура за време на отворањето на Игрите имало во 1994 година во Лилехамер, -11 степени Целзиусови.

Организаторот е подготвен на сите кои ќе бидат присутни на стадионот да им подели ќебиња, топли пакети, но и да и забрзаат контролите на влезот.

Отворањето на ЗОИ во Пјонгчанг е закажано за 9.февруари, а затворањето за 25.февруари 2018 година.

Продажбата на билети за ЗОИ во моментов изнесува 54 отсто, а најголемо влијание имаат затегнатите односи со Северна Кореја која се наоѓа на само 80 километри од Пјонгчанг. Измеѓу се наоѓа демитализирана зона.

Scroll to Top