Најголемиот спортски настан Олимписките игри ќе започнат за 14 месеци. Директорот на Игрите во 2024 година, Тони Естанке, вели дека интересот на навивачите и љубителите на спортот за спектаклот ги надмина сите очекувања.
И кај организаторите и кај навивачите имаше скептицизам дека високите цени на билетите ќе придонесат за помал одѕив, но реалноста е поинаква, од моментот кога се пуштени во продажба, билетите се продаваат како алва.
„Четиринаесет месеци пред Игрите продадовме речиси 6,8 милиони билети. Тоа ни покажува колкав ентузијазам постои. Тоа е голем успех и ги надмина нашите очекувања“, вели поранешниот француски олимпиец.
Естанке прецизира дека 5,2 милиони билети од вкупно осум што им се достапни на фановите ширум светот се продадени во две фази, а втората е штотуку завршена.
Околу три милиони билети се уште се во оптек за продажба.
„Ова е бројот на билети кои се уште се достапни за сите љубители на спортот, за сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од Олимписките игри, а ќе можат да ги набават кога ќе започне новата фаза на продажба“.
Олимписките игри се одржуваат од 26 јули до 11 август следната година.