Унгарката Тимеа Бабош ја освои третата ВТА сингл титула, откако со 7:5/6:1 ја совлада Украинката Катерина Козлова во финалето на Тајванскиот опен во Тајпеј.
Бабош, која годината ја започна со титула во двојки на Австралија опен, имаше 12 аса и направи пет брејка за победа по 1 час и 24 минути игра. 24-годишната Унгарка претходно победи во Монтереј во 2012 година, и на домашниот турнир во Будимпешта во февруари 2017 година.
23-годишната Козлова го играше своето прво ВТА финале, откако досега имаше освоено само една титула во двојки.