Top Sport

Прогноза на „Јуроспорт“: Меси ќе го освои СП, Ѓоковиќ ќе остане без првото место

Новинарите на британскиот „Јуроспорт“, на 1.јануари, излегоа со неколку интересни прогнози за 2022 година. Според новинарите на овој медиум, Аргентина ќе ја освои светската титула на Мундијалот во Катар, а Новак Ѓоковиќ не само што нема да освои гренд-слем трофеј, туку и ќе им го препушти на ривалите првото место на АТП листата.

„Меси на Копа Америка, минатата година, конечно освои трофеј со репрезентацијата. Тимот на Аргентина го заврши процесот на реконструкција, под водство на селекторот Лионел Скалони. Аргентина сега изгледа добро. Покрај тоа, Скалони, најде начин како Меси да ги стави во преден план квалитетите на Меси“, смета Пит Шарланд.

Неговиот колега, Маркус Фоли, не ја исклучува можноста светот да добие нов шампион. Досега низ историјата само осум земји биле светски шампиони: Бразил, Германија, Италија, Аргентина, Франција, Уругвај, Англија и Шпанија.

„СП ќе се игра во ноември, распоредот ќе биде целосно изместен, големи се шансите да се случи изненадување. Многу силни тимови ќе бидат „скршени“ со хаотичниот распоред на натпреварите, на нивните најдобри играчи“.

Тони Адамс, пак предвидува смена на врвот во мачкиот тенис. Според него Александар Зверев и Данил Медведев ќе го наследат Ѓоковиќ.

„Новак во 2022 година влегува со желба да докаже дека е најголемиот тенисер во историјата. Сепак во 2021 видовме дека доаѓа новата генерација, која ја предводат Зверев и Медведев. Првиот го освои олимпиското злато и завршниот мастерс, а вториот победи на Ју-ес опен. Овие двајца знаат дека можат да го победат Ѓоковиќ. Не велам дека Новак повеќе нема да освојува гренд-слем титули, сигурен сум дека ќе освојува, но мислам дека во 2022 година, Саша и Данил заедно ќе освојат повеќе гренд-слем трофеи од Новак. Исто така мислам дека еден од нив двајца ќе биде број 1“.

Колегата на Адамс, Бен Сноубол, пишува дека е можно Ѓоковиќ, Надал и Федерер повеќе да не освојат гренд-слем трофеј, не само во 2022 туку засекогаш. Тој предвидува дека Наоми Осака би можела да се врати на челната позиција на ВТА листата и дека Ешли Барти без поголеми проблеми ќе го освои Австралија опен.

Scroll to Top