Top Sport

Проширена истрагата против Ѓоковиќ

Одлуката дали Новак Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија, најверојатно нема да биде донесена и во текот на овој ден.

Ѓоковиќ, изминатата ноќ, на „Твитер“, се огласи со соопштение, во кое се обиде да објасни што му се случувало во декември, кога добил позитивен ПЦР тест.

Министерството за имиграција, истражува дали документите што ги поднел Ѓоковиќ се валидни и дали постои можност тој да биде казнет. Се испитува дали во апликацијата дал неточни податоци во врска со патувањата. Ѓоковиќ и претходно изјави дека апликацијата ја пополнил член на неговиот тим.

Доколку биде пронајден основ да биде казнет, медиумите во Австралија тврдат дека ќе се соочи со петгодишна затворска казна.

Scroll to Top