Top Sport

„Против Хрватска бевме жртви на местенка“

Драматичен натпревар одиграа Хрваска и Грција (5:5), во последното коло, во фазата по групи, на Европското првенство во ватерполо. Нерешениот резултат ги однесе Хрватите директно во четврт-финалето, додека Грција ќе мора да игра осмина-финале, таму противник ќе и биде Израел.

Хрватска во првото полувреме не постигна ниту еден гол, а Грција постигна два. Пресвртот на Хрватска следеше во третата четвртина, кога Мариниќ-Крагиќ погоди за првото и единствено водство на Хрватска (4:3) во натпреварот. Папанастасиу и Влахопулос во средината на последниот дел ја вратија Грција во водство со 5:4, но Буриќ во последната секунда од нападот погоди за 5:5 со играч повеќе 2:52 пред крајот.

До крајот на мечот брилијантниот Бијач одбрани два многу тешки удари на Влахопулос и ја одведе Хрватска директно во четврт-финалето. Првото место беше желба и на Грција бидејќи гарантира директен влез во четвртфиналето и полесна ждрепка.

Ангелос Влахопулос беше огорчен по натпреварот. Еден од најдобрите грчки ватерполисти и стрелец на два гола против Хрватска, тврди дека му поништиле чист гол со која неговата репрезентација ќе победела во овој тензичен меч со малку голови. Тој објави видео од крајот на третата четвртина, токму кога Хрватска се враќаше во натпреварот.

При резултат 3:3, Влахопулос постигна гол од лево крило во ситуација со играч повеќе. Италијанскиот судија Гомез покажа на центарот, сепак Шпанецот Теиксидо го поништи голот.

“Како може судијата во оваа ситуација да суди игра во два метри? Зошто судијата кој го призна голот или делегатот не може да ја исправи оваа голема грешка? Како можете да назначите шпански судија да го суди натпреварот кој одлучува кој ќе игра против Шпанија во четврт-финалето?” прашува ватерполистот на Нов Белград со видео што го објави на Инстаграм.

Scroll to Top