Top Sport

Противникот на Ѓоковиќ најави повлекување

Гаел Монфис успеа да се пласира во третото коло на Мастерсот во Париз. Францускиот тенисер, во првите две рунди играше долги мечеви против Миомир Кецмановиќ и Адријан Манарино.

Монфис, во второто коло го победи сонародникот Манарино. Монфис во текот на мечот доби медицинска помош, поради што е неизвесен неговиот настап во третата рунда против Новак Жоковиќ.

„Моам да одам на рендген и да видам како ќе реагира моето тело. И кога сум 100 отсто подготвен не можам да го победам Ѓоковиќ, значи ако не сум на 100 отсто, тогаш немам никакви шанси. Ќе размислам и ќе донесам одлука“, рекол Монфис.

Ѓоковиќ и Момфис досега одиграле 17 мечеви, на сите победил српскиот тенисер.

Пресметката помеѓу овие двајца е закажана за 14 часот.

Scroll to Top