Данил Медведев и Јаник Синер ќе се борат за трофејот на мастерс турнирот во Индијан Велс. Во полуфиналните мечеви, Медведев го победи светскиот број 1, Карлос Алкараз, а Синер лесно се справи со Александер Зверев.
По 34 последователни победи, 16 од почетокот на годината, Карлос Алкараз доживеа пораз.
Рускиот тенисер Данил Медведев го победи Карлос Алкараз во вториот полуфинален натпревар со резултат 6:3, 7:6 (3).
Медведев победи по еден час и 38 минути игра.
Клучот беше агресивноста на Медведев, нетипична за неговиот вообичаен стил од минатото. Тој остана доследен на таковиот пристап дури и во критичните моменти, што е особено тешко.
На 4:5 во вториот сет, тој спаси две сет-топки, не му дозволи на Алкараз да изедначи , а пото издоминира во тај-брејкот.
Од друга страна Синер немаше проблем со Зверев. Италијанецот славеше со 6:2, 6:4.
Foto/ EPA
