Top Sport

Прва титула за Халеп во Рим

Симона Халеп ја освои титулата во женска конкуренција на мастерсот во Рим. Халеп дојде до трофејот откако Каролина Плишкова ѝ го предаде мечот при резултат 6/0, 2/1.

Плишкова која лани победи во Рим гпо 32 минути игра го предаде мечот поради болки во грбот.

Халеп на патот до својот прв трофеј во „вечниот град“ ги победуваше Паолини, Јастремска, Путинцева и Мугуруза која единствена успеа да ѝ одземе сет на Романката.

Во Рим од 17 часот Новак Ѓоковиќ и Диего Шварцман ќе го одиграат финалето во машка конкуренција.

Scroll to Top