Новата француска тениска надеж, 23-годишната Фиона Феро го освои својот втор ВТА трофеј во кариерата на првиот женски турнир по рестартот на тенисот по долгата пауза, победувајќи ја со 6:2/7:5 Анет Контавеит за трофејот од Палермо лејдис.
Феро беше непоразена на двата регионални егзибициски турнири кои се оддржуваа за време на пандемијата на КОВИД-19, и заработи уште пет победи во Палермо, каде што загуби само еден сет, за да ја победи Контавеит по тешка борба од час и 43 минути.
Контавеит, која ја започна 2020 со првиот пласман во гренд слем четврт-финале на Австралија опен, немаше одговор за „чистата“ игра на Феро во првиот сет, губејќи два брејка. Таа имаше подобар старт на првиот сет, поведувајќи со 2:0, пред Французинката да врати со брејк и со уште еден брејк да го запечати триумфот.
Princess Fiona ?@fioferro wins a second career WTA title capturing the crown over Anett Kontaveit 6-2, 7-5 at @LadiesOpenPA#PLO20 pic.twitter.com/6notROv4bQ
— wta (@WTA) August 9, 2020