Романката Симона Халеп прв пат во кариерата ќе се бори за титулата на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон. Халеп, во првото полу-финале во женска конкуренција, спротивно на прогнозите лесно се справи со Елина Свитолина.

Почетокот на мечот најави голема борба, бидејќи првите два гема се играа полни 20 минути, но кога Романката ја проби менталната блокада едноставно ја збриша својата противничка.

Халеп за 73 минути ја победи Свитолина со 6/1, 6/3.