Top Sport

Прво големо изненадување: Холгер Руне уште на стартот елиминиран од УС Опен

Гренслем турнирот УС Опен почна со големо изненадување, откако на стартот е елиминиран четвртиот светски рекет, Холгер Руне. Тој загуби со 1:3 во сетови од 63. тенисер на АТП листата, Роберто Карбалјес Баена.

Руне досега умеел да стигне до четвртфинале на гренслем, но овојпат експресно ќе си оди дома.

Баена славеше со 6:3, 4:6, 6:3, 6:2, а во второто коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Алсан Карацев и Јиржи Лехачка.

 

Scroll to Top