Top Sport

Прво олимписко злато за Лара Гут-Бехрами

Лара Гут Бехрами победи на трката во супер-џи на Зимските олимписки игри во Пекинг. Швајцарката, во третиот обид успеа да се закити со најсјаното одличје. Во понеделникот се закити со бронза во велеслалом, а во 2014 година во Сочи исто така освои бронзен медал.

Гут-Бехрами, патеката ја мина со време 1:13.51 минута. Трката на второто место, со 22 стотинки послаб резултат од Гут-Бехрами, ја заврши Миријам Пухнер. Уште еден медал на Швајцарија и донесе Мишел Гисин која заврши на третото место.

Бранителната на златото од Пјонгчанг, Естер Ледецка трката ја заврши на петтото место. Уште еден разочарувачки настап имаше Микаела Шифрин. Амриканката која не ги заврши трките во слалом и велеслалом, на крајот беше деветта.

Scroll to Top