Top Sport

Прво злато за Унгарија на ЗОИ во Пекинг

Унгарецот Шаоанг Лиу го освои првиот индивидуален златен олимписки медал. На Зимските игри во Пекинг, Луи, победи на трката на 500 метри, во брзо лизгање.

Луи пред четири години, во Пјонгчанг, освои златен медал во штафетната трка на 5.000 метри, а во Пекинг веќе освои две бронзи, на трката на 1.000 метри и во микс штафетата на 2.000 метри.

Унгарецот, водеше од почетокот до крајот на трката, во целта забележа време 40.338 секунди.

Среброто му припадна на Константин Илиев од Русија, а бронзата на Стивен Дубоа од Канада.

Шампионот од Пјонгчанг, во оваа дисциплина, Ву Дајинг не успеа да се пласира во финалето, додека освојувачот на златото на 1.500 метри, Хванг Дае хоен беше дисквалификуван во четврт-финалето.

Scroll to Top