Top Sport

Пуј му нанесе нов пораз на Енди Мареј

Кам-бекот на Енди Мареј на тенисот продолжи да оди споро, откако тој беше поразен во првото коло на Мастерсот во Синсинати со 6:1/1:6/6:4 од Французинот Лукас Пуј.

Шкотланѓанецот во јануари беше на операција на проблематичниот колк, а од кам-бекот на АТП турнејата во јуни имаше слаби резултати со пласман во четврт-финалето во Вашингтон како најголем успех. Ова е прва победа Пуј над Мареј во петтиот меѓусебен меч.

Првото коло го минаа Пабло Карењо Буста, Кајл Едмунд и Кеи Нишикори. Карењо Буста со 6:3/2:6/6:3 го победи францускиот ветеран Ришар Гаске, 14. носител, Едмунд со 6:3/6:2 беше подобар од Американецот Мекензи Мекдоналд, а Нишикори со 7:5/6:3 го доби Русинот Андреј Рубљев.

Scroll to Top