Top Sport

Тотенхем ќе почека да се „всели“ на обновениот „Вајт Харт Лејн“

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем мораше да го одложи „вселувањето“ на новиот стадион поради „безбедносни причини“.

Претходно беше најавено дека првиот меч на обновениот „Вајт Харт Лејн“ ќе се случи на 15 септември против Ливерпул, но по тестирањето на безбедноста на стадионот, дуелите против Ливерпул и против Кардиф (6 октомври) ќе се играат на „Вембли“. Исто така, НФЛ мечот меѓу Сиетл сихокс и Оукленд рајдерс на 14 октомври ќе се одржи на „Вембли“, а уште не е јасно дали стадионот ќе биде подготвен за мечот со шампионите Манчестер сити на 28 октомври.

„Знаеме дека ова е разочарувачки за нашите фанови, за носителите на сезонските билети и за партнерите, но бараме трпение“, изјави претседателот на клубот, Даниел Леви.

Scroll to Top