Top Sport

Пулев ќе го „парчоса“ Џошуа, вели неговиот промотер

Кубрат Пулев ќе го „парчоса Ентони Џошуа“ кога конечно ќе се сретнат во боскерскиот ринг, вели промотерот на бугарскиот тешкаш Ивајло Гоцев, кој додава дека менаџерот на Џошуа Еди Херн е нечесен во преговорите.

Шампионот Џошуа мора да боксува со Пулев како задолжителен предизвикувач за ИБФ појасот оваа година, иако уште не се објавени деталите за мечот поради пандемијата на корона вирусот. Гоцев вели дека Џошуа и неговиот менаџер играат „нечесни игри“.

„Еди секогаш зборува едно, а прави друго. Мора да се организира и конечно да научи дека постојат одредени обврски со луѓето бидејќи ако продолжи вака никој нема да сака да прави бизнис со него. Ние чекеме нов датум, а бизнисот веќе се придвижува“, вели Гоцев за „Дејли мејл“.

Главен проблем е договорот за два меча кои го договорија Џошуа и Тајсон Фјури за следната година, иако двајцата имаат претходни мечеви – Џошуа со Пулев, а Фјури по третпат со Дионтеј Вајлдер.

„Хрватите имаа силна понуда за договор, но тие не се согласија и не сакаа да разговараат. Проблемот е што Џошуа не изгледа добро надвор од Британија. Прво загуби во Њујорк, а потоа се мачеше во Саудиска Арабија. Изгледаше како елен со светло во очите во ’Медисон сквер гарден’, не знаеше што му се случи. Се согласуваме за меч било каде, бидејќи ние сме воини. Мечот? Пулев е подготвен и во ѕверско расположение и подготвен да го распарчи. Нокаутот доаѓа“, вели Гоцев.

Scroll to Top