Top Sport

Алушовски: ПСЖ можеби е фаворит, но целта останува иста

Откако Вардар ја доби потешката група А во Лигата на шампионите, со Пари Сен-Жермен, Кјелце, Порто, Пик Сегед, Мешков Брест, Елверум и Флензбург, тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски смета дека целта останува иста, пласман во четврт-финалето на натпреварувањето.

„ Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противал. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот планот е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го оствариме тоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме“, вели Алушовски за веб-сајтот на Вардар.

Вардар во „супер-групата“ А со ПСЖ, Кјелце, Порто, Сегед и Флензбург!

Scroll to Top