Top Sport

Пулмологот Несторовиќ и Ѓоковиќ ќе прават апарат на Тесла од 1906!

Српскиот пуломолог Бранимир Несторовиќ во интервју за „Б92“ вели дека се слушнал со светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ и дека со него ќе работат на апарат кој славниот Никола Тесла го патентирал во 1906 година.

„Се слушнав со Новак, тој е гениј! Ме праша дали треба нешто да донира, а откако ќе помине оваа ситуација ќе слушнете за домашниот апарат на база на калемот на Никола Тесла. Се собра група на необични луѓе и инженери, а Новак се понуди да го исфинансира тоа и да го подари на сите болници“, вели Несторовиќ.

Докторот исто така открива дека го лечел Ѓоковиќ кога тој имал 11 години и дека и тогаш знаел дека тој ќе биде голем тенисер.

„Тој ми кажа: ’Јас ќе бидам најдобриот на светот’. Мислам дека имаше 13 години и го кажа тоа со голема самодоверба. Дојдов дома и кажав дека има едно дете кое ќе биде најдобро на светот“, вели Несторовиќ.

Scroll to Top