Шампионката од САД опен, Британката Ема Радукану признава дека ќе има емоционално деби во татковината на нејзиниот татко, Романија, каде што е трета носителка за Трансилванија опен во Клуж од 25 октомври.
18-годишната Радукану е родена во Канада, кога таму живееја нејзиниот татко Јан и нејзината мајка Рене, и од својата втора година живее во Бромли во Англија. Токму Јан Радучану е одговорниот што таа почна со тенисот.
„Возбудена сум што ќе играм на Трансилванија опен, пред романските фанови. Мојот татко е од Романија, така што да се оди таму е посебен момент за сите нас. Едвај чекам да пристигнам во Клуж“, вели светската тенисерка број 22.
Таа таму ќе биде втора носителка, зад својата инспирација, домашната фаворитка Симона Халеп и светската тенисерка број 18., Елизе Мертенс.