Top Sport

Радукану го отпушти тренерот со кој го освои првиот гренд слем

Новата британска тениска принцеза, Ема Радукану го отпушти тренерот Ендру Ричардсон, откако со него стигна до својата прва гренд слем титула, неверојатен успех за 18-годишната девојка која до титулата стигна без загубен сет од квалификациите.

18-годишната Радукану го ангажираше Ричардсон на краткорочен период додека беше во САД, но сега сака поискусен тренер како постојана членка на ВТА турнејата. 47-годишниот Ричардсон, поранешен играч од британскиот Дејвис куп тим, работеше со Радукану две години во тенискиот центар во Бромли, но нема големо искуство на ВТА турнејата и работи како шеф на тениски школарини во средно училиште.

„По Вимблдон бев на 200-то место на ВТА листата и мислев дека Ендру ќе биде совршен за да тестираме и да одиме во САД. Не сонував дека ќе го освојам САД опен и дека ќе бидам 22. на ВТА листата. Во овој дел од мојата кариера, сфатив дека морам да имам човек со искуство на ВТА турнејата а високо ниво. Потребно е некој да ја води мојата кариера“, вели Радукану.

Еден од фаворитите за нејзин нов тренер е Дарен Кејхил, Австралиецот кој неодамна се раздели со романската тенисерка, Симона Халеп.

Scroll to Top