Рафаел Надал даде интересно интервју за кинескиот ТВ канал „Сина“, каде што зборуваше за тенисот, но и за работи како тоа кој е најзгодниот тенисер на АТП турнејата.
Минатата година, Григор Димитров, а оваа година Енди Мареј, сметаа дека тоа е 36-годишниот ветеран Фелисијано Лопез, но не и Надал.
„Не знам, можеби Григор Димитров“, вели Надал.
За кој тенисер Надал би платил билет да го гледа како игра?
„Не знам, за многу. Ми се допаѓаат многу тенисери и го сакам спортот. На пример Гаел Монфис, тој секогаш прави неверојатни работи на теренто“, објасни Надал.