Top Sport

Рафа го доби највредниот спортски орден во Шпанија

Рафаел Надал го доби највредниот спортски орден во Шпанија откако ја освои својата 13. титула од Ролан Гарос, награда која досега ја имаат освоено само најпознатите шпански спортисти како Алфредо ди Стефано, голферот Северијано Балјестерос, Икер Касилјас, Чави и Андрес Иниеста.

34-годишниот Надал го декласираше Новак Ѓоковиќ за своја 20. гренд слем титула, израмнувајќи го рекордот на Роџер Федерер, и шпанската влада потврди дека тој ќе го добие „Големиот крст на кралскиот ред за спортски успех“.

Надал не е првиот тенисер со овој орден, откако Аранча Санчез Викарио и Кончита Мартинез ја добија наградата во 2001, а Мануел Сантана во 20001.

„Ако некој го заслужува кралскиот крст, тогаш тоа е Рафаел Надал. Напиша историја и си гордост на цела земја“, се вели во одлуката на Врвниот спортски совет на Шпанија.

Scroll to Top