Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ можеби се лути ривали на тениските терени, но надвор од спортот и двајцата се познати по своите хуманитарни акции и шпанскиот тениски ас јавно му се заблагодари на Србинот за помошта која тој ја дал во борбата против корона вирусот.
Надал, заедно со кошаркарската легенда Пау Гасол неодамна објавија кампања за собирање пари за Црвениот крст на Шпанија, една од најпогодените земји од вирусот, а Ѓоковиќ јавно застана зад таа иницијатива за собирање на 11 милиони евра.
„Големо благодарам до Новак Ѓоковиќ за својата работа на нашата кампања за помагање на тие кои помошта им е најнеопходна во борбата со корона вирусот. Хвала Ноле“, напиша Надал на Твитер.
Самиот Ѓоковиќ донираше милион евра за борбата против корона вирусот во неговата татковина.
A huge thanks to @djokernole for the contribution to the #nuestramejorvictoria campaign helping those in need in the fight against Corona Virus.
Class act ???? Hvala Nole! pic.twitter.com/ypnRPHIZAd— Rafa Nadal (@RafaelNadal) April 3, 2020