Освојувачот на рекордни 20 гренд слема, Рафаел Надал очигледно не може да седи мирен, и две недели откако го освои трофејот од Ролан Гарос, тенискиот рекет го замени со голферска палка на Голферскиот шампионат на Балеарските Острови и помина одлично.
Против 59 други голфери, од кои повеќето беа професионалци, 34-годишниот Надал заврши израмнет на шестото место, со 10 удари заостанување зад победникот Себастијан Гарсија. Ова не е првпат тој да учествува на овој турнир, но претставува негов најдобар пласман.
Покрај голфот и тенисот, Надал е познат како голем љубител на едрењето, што не е чудно бидејќи потекнува од островот Мајорка, а како дете сакал да стане фудбалер како неговиот чичко, Мигуел Анхел Надал, поранешниот фудбалер на Барселона. Иако во семејството сите навивале за Барса, Надал е страствен фан на Реал Мадрид.
Rafael Nadal during the Individual Professional Baleares Championship on October 24, 2020 in Mallorca, Spain.
Full album (21) : https://t.co/pJKCfbKfMn pic.twitter.com/oJZM3dFDdh
— Rafael Nadal History (@HistoryNadal) October 24, 2020