Top Sport

Рафа повреден и за „виртуелен“ тениски меч

Рафаел Надал во својата блескава кариера надмина огромен број на повреди, но и на 33 години доживеа нешто ново – мораше да се повлече од виртуелен меч поради повреда на грбот.

19-кратниот гренд слем шампион побара одложување на виртуелниот меч против Јутјуб гемјер поради „проблеми со грбот“, тврди директорот на Мадрид опен и негов поранешен соиграч од Дејвис купот, Фелисијано Лопез. Надал прво го одигра мечот против Денис Шаповалов, но потоа му признал на Лопез дека поради повреда ќе мора да го одложи вториот меч против шпанскиот „јутјубер“ Диџеј Марио.

Надал е еден од 32-те тениски ѕвезди кои требаше да учествуваат во компјутерскиот турнир на виртуелна верзија на Мадрид опен.

33-годишниот Надал е во иста група со Британецот Енди Мареј, кој го победи Беноа Пер во првиот меч. Групната фаза на турнирот продолжува и во вторник и во среда пред полуфиналињата во четврток. Мечевите се состојат од еден сет во прв до три, со тај-брејк ако дуелот е израмнет на 3:3.

Scroll to Top