Top Sport

Златан: Ги одгледувам моите синови како нинџи (видео)

Златан Ибрахимовиќ и САД се совршена „спојка“. Тоа Швеѓанецот постојано го покажува со своите контроверзи и смешни изјави, како таа дека тој ќе биде одговорен за „ширењето“ на фудбалот во САД.

„Да не бев оженет, ќе го ширев моето семе низ САД и така ќе помогнев да се развие фудбалот во Америка“, изјави неодамна Ибрахимовиќ.

При гостување на една радио-емисија тој беше запрашан како реагирала неговата сопруга, Хелена Сегер на оваа изјава.

„Таа ме праша дали се шегувам, а јас и кажав дека сум озбилен. Сепак, ништо од банката за сперма на Ибра. Само мојата сопруга е задолжена за инвестициите. Имам две нинџи дома и тие се доволни. Се обидувам да ги одгледам како нинџи“, вели Ибра.

Scroll to Top