Откако се откажа од завршниот Мастерс тениски турнир во Лондон, шпанскиот тенисер Рафаел Надал мораше да оди на операција на скочниот зглоб. Оперативниот зафат траел 35 минути, а го извршил докторот Анхел Руиз Которо.
„Отстранување на туѓо тело од зглобот беше причина за операцијата врз Рафаел Надал. На тоа беше принуден поради неможноста нормално да се движи. Сега решивме да ставиме крај на проблемот“ – рекол доктор Руиз-Которо.
Надал подолг период се мачи со хронични повреди што негативно влијаат врз неговата кариера.