Top Sport

Рајан Курсер урна рекорд стар 31 година

Американецот Рајан Крусер постави светски рекорд во фрлање ѓуле. Крусер, успеа да го урне 31 година стариот рекорд на Ренди Барнс.

На американските квалификации за Олимписките игри во Токио, Крусер забележа резултат 23 метри и 37 сантиметри. Крусе за 25 сантиметри го подбри рекордот на Барнс.

Од 1990 година до денес, никој ѓулето не го фрлил преку 23 метри, во претходните две години најблиску биле Крусер и неговиот сонародник Џо Ковач (21,91 метар).

Инаку, Крусер, на почетокот на сезоната постави светски рекорд во сала (22,82 метри).

Scroll to Top