Top Sport

„Ракетата“ О’Саливен израмни два славни рекорди на СП во Шефилд

Рони О’Саливен го совлада Дејвид Гилберт со 10:5 во првото коло на Светското првенство во „Крусибл“ во Шефилд за да израмни два стари рекорди.

Ова беше 30. настап на „Ракетата“ во Шефид, со што го израмни рекордот на Стив Дејвис, а победата значи дека има 70. победи на „Крусибл“, рекорд кој беше во сопственост на уште една легенда на снукерот, Стивен Хендри од 2012 година. Со победа над Марк Ален или Скот Доналдсон во второто коло, тој би бил апсолутен рекорд.

Крајната цел на 46-годишниот О’Саливен, секако, е најголемиот рекорд на Хендри,седумте светски титули, и доколку успее да го израмни тоа, ќе биде запаметен несомнено како најголемиот снукер играч во историјата.

Scroll to Top