Top Sport

Рам и Салисбјури со титулата во двојки од Флешинг Медоуз

Американецот Раџив Рам и Британецот Џо Салисбјури се вратија од сет негатива за 3:6/6:2/6:2 победа над Бразилецот Бруно Соареш и Британецот Џејми Мареј во финалето на машки двојки на САД опен.

Рам и Салисбјури, кои лани ја освоија титулата од Австралија опен, се мачеа на свој сервис во првиот сет, но потоа го кренаа нивото и доминираа над своите противници, остварувајќи 22 директни победнички топки во последниот сет.

„Навистина е сон да се освои ова со Раџив. Последните три години тој беше фантастичен партнер“, изјави Салисбјури, кој првпат во кариерата играше на стадионот „Артур Еш“.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');