Top Sport

Раонич е прв финалист на Мастерсот во Синсинати, го чека Ѓоковиќ или Баутиста

Милош Раонич е прв финалист на Мастерс 1000 турнирот Синсинати опен, кој оваа година се игра на терените на Флешинг Медоуз во Њујорк, откако со 7:5(5)/6:3 го совлада Гркот Стефанос Циципас.

Ова е фантастичен камбек на Канаѓанецот, кој спаси меч-поинт во четврт-финалето, откако минатата година се мачеше со повредите и со слабата форма. Ова е негово најголемо финале по тоа на Вимблдон во 2016.

Во мечот за титула на единствениот подготвителен турнир пред САД опен во Њујорк, Раонич ќе игра со подобриот од мечот меѓу светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

Scroll to Top