Германката Викторија Ребензбург победи во спуст трката која се возеше во Гармиш Партенкирхен.
Во целта, Ребензбург, влезе со резултат 1:41.94 минути. За Германката ова беше 19 победа во кариерата.
Интересно на последните десет трки во спуст, во Светскиот куп, победија десет различни натпреварувачки.
Второто место, со послаб резултат за 61 стотинка од победничката, се пласираше Италијанката Федерика Брињоне, додека третото место го освои Естер Ледецка.
Во генералниот пласман лидерската позиција ја задржа Михаела Шифрин со 1.225 поени, втора е Брињоне со 1.035, а трета Петра Влхова со 862 поени.
This is how @V_Rebensburg mastered her 19th World Cup victory in home soil. With this run she became the 10th different winner in the last 10 Women’s downhill races. ???? #fisalpine pic.twitter.com/j3tEDf6v8j
— FIS Alpine (@fisalpine) February 8, 2020