Новак Ѓоковиќ немаше најдобар меч, но на крајот го доби својот прв меч против талентираниот Канаѓанец Денис Шаповалов со 6:3/6:4/4:6/6:0 во третото коло на Австралија опен, за пред него да е уште еден од „новата генерација“ во тенисот, Русинот Данил Медеведев, кој го елиминираше Давид Гофан.
Светскиот број 1 изгледаше дека е на пат до рутинска победа откако водеше со 2:0 во сетови и 4:2 во третиот, но кога се вклучија рефлекторите на стадионот загуби четири гема во низа и беше очигледно дека му пречеше и публиката, која застана на страна на младиот тенисер.
Меѓутоа, со искуството зад себе, Србинот бргу ја врати смиреноста и го „збриша“ 19-годишниот Шаповалов во последниот сет, кој иако несомнено има талент не беше доволно постојан.
We did NOT expect that! Seemingly bothered by the floodlights coming on, @DjokerNole has dropped the third set! pic.twitter.com/HtW5Cbcctb
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 19, 2019
И Серена Вилијамс останува на добар пат до осма титула од Мелбурн, откако ја декласираше талентираната Украинка Дајана Јастремска со 6:2/6:1, додека Наоми Осака и Елина Свитолина „преживеаја“ во тешки мечеви.
37-годишната Серена загуби само девет гема во трите меча досега на „Мелбурн парк“ и ја очекува дуел со постарата сестра Венус или светската тенисерка број 1, Симона Халеп за местово четврт-финалето.
„Одам меч по меч и го давам максимумот. Тоа е единственото што го можам досега. Јастремска беше одлична, и излезе да игра. Таа има само 18 години и беше подготвена за тенис на највисоко ниво“, изјави Серена.
Фото: ЕПА
АВСТРАЛИЈА ОПЕН, 3.КОЛО
МАЖИ
Ѓоковиќ (Срб) – Шаповалов (Кан) 6:3/6:4/4:6/6:0
Медведев (Рус) – Гофан (Бел) 6:2/7:6(3)/6:3
Нишикори (Јап) – Соуса (Пор) 7:6(6)/6:1/6:2
Карењо-Буста (Шпа) – Фоњини (Ита) 6:2/6:4/2:6/6:4
Раонич (Кан) – Ербер (Фра) 6:4/6:4/7:6(6)
ЖЕНИ
С.Вилијамс (САД) – Јастремска (Укр) 6:2/6:1
Осака (Јап) – Хсиех (Тјв) 5:7/6:4/6:1
Свитолина (Укр) – Жанг (Кин) 4:6/6:4/7:5
Севастова (Лет) – Ванг (Кин) 6:3/6:3
Киз (САД) – Мертенс (Бел) 6:3/6:2