Микаела Шифрин, во саботата, ја забележа рекордната 15 победа оваа сезона. Американката победи во трката во слалом, што се одржа во Шпиндлерув Млин, Чешка.
Шифрин испиша историја во Светскиот куп, бидејќи никој пред не не успеал да победи на 15 трки.
Таа од претходно ја обезбеди вкупната победа во слалом и во Светскиот куп, а до крајот на сезоната ќе се бори за Кристалните глобуси во велеслалом и супер-џ.
Американката убедливо победи во Чешка, во двете трки забележа време 1:38.98 минути. Второто место го освои Венди Холденер од Швацарија со послабо време за 85 стотинки, додека Петра Влхова имаше за две секунди послаб резултат од Шифрин.
До крајот на сезоната останаа уште три трки, тие се на програмата од 13 до 17 март во Андора.