Новиот член на ОНЕ шампионатот, Капитан Печјинди во својот деби меч за кикбоксерскиот шампионат постави рекорд откако го нокаутираше својот противни Печтанонг Печфергус по само шест секунди од нивниот меч од Супер серијата во Бангкок, Тајланд.
Противникот на 27-годишниот Капитан не беше било кој во светот на кикбоксот – Печтанонг е шесткратен Муај Тај светски шампион, но овојпат немаше шанси да се врати во игра по бруталниот удар.
Според ОНЕ шампионатот, Капитан сега има 141-40 скор во кикбокс мечевите и за следен противник би го имал шампионот во бантам категорија, Русинот Алаверди Рамазанов.